Онколог изнел загрижувачки податоци: „Сите мои нови пациенти со канцер се помлади од 45 години, а ова им е заедничко“

Точка

21/08/2024

19:40

10.966

Големина на фонт

а а а

Онкологот од Северна Каролина, Николас ДеВито, проговорил за порастот на случаите на рак кај помладите луѓе, откривајќи дека секој нов пациент што доаѓа во неговата клиника е помлад од 45 години.

Тој тврди дека и неговите колеги забележале демографска промена во последните години, за што ја обвинува ултра преработената храна, пишува „Дејли мејл“.

Помеѓу 1990 и 2019 година, бројот на случаи на рак кај младите луѓе во светот се зголемил за 79 отсто, додека смртноста пораснала за 28 отсто. САД имаат шеста највисока стапка на рак со ран почеток и се предвидува дека уште повеќе ќе порасне до крајот на деценијата.


Речиси 75 отсто од храната што се консумира во САД се смета за ултра обработена, бидејќи е полна со адитиви и штетни состојки. Тие, исто така, не се под речиси никакви регулативи, за разлика од Европа која има построги упатства и поригорозни тестирања, и покрај студиите што ги поврзуваат со здравствените проблеми.

ДеВито ги повика претставниците на индустријата и политичарите да ја заштитат нацијата од штетните производи, со построги контроли на адитивите во храната и поголема достапност на поздравиот избор.

„Желбата да се заштитат Американците од материи што предизвикуваат рак и други болести треба да ја надмине партиската припадност и политичката мотивација за да преовладуваат напорите за лобирање во индустријата. Тоа беше можно со тутунот, а можно е и со храната“,  навел онкологот за вести за СТАТ.


Претходните студии покажаа дека ултра обработената храна со додадени вештачки состојки може да го промени цревниот микробиом, да ги оштети ѕидовите и да предизвика хронични воспалителни болести, што сето заедно го зголемува ризикот од рак.

ДеВито, кој прима пациенти со гастроинтестинални карциноми како што се дебелото црево и желудникот, тврди дека храната може да игра главна улога во превенцијата.

Сличен заклучок наведе и минатогодишната студија која откри „постојано значајни поврзаности помеѓу внесот на ултра преработена храна и неколку видови на рак“, вклучувајќи го и ракот на дебелото црево, дојката и панкреасот.


Експертите апелираат, покрај мастите и шеќерите, повеќе да се внимава и на самите состојки. Според нивните анализи, повеќето „здрава“ храна е преполна со вештачки состојки, што повторно ја класифицира како ултраобработена. Тие предлагаат купувачите да се држат до производи со помалку од пет состојки и да ги избегнуваат оние што тешко се изговараат.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг