[ФОТО] Селма Хаек веќе 30 години носи ист модел на чевли: Модните критичари велат дека се најгрдото нешто и дека ја уништуваат елеганцијата, но екстремно ја издолжуваат фигурата

Точка

26/08/2024

15:29

8.663

Големина на фонт

а а а

Селма Хаек неодамна присуствуваше на лондонската премиера на филмот „Blink Twice“ и прошета на црвениот тепих во едноставно, но елегантно издание.

Убавата Мексиканка не може да се пофали со брилијантен стил во свечените пригоди, но сега нѝ докажа дека помалку е повеќе во нејзиниот случај и дека најдобро изгледа во сведени изданија.


Хаек на премиерата пристигнала во парче кое со децении е класика во женскиот ормар и кое на сите им прилега, а тоа е, што друго ако не малиот црн фустан! Таа се одлучила за должина до колена која ја следи линијата на телото и го нагласува нејзиното бујно деколте на фин, сензуален начин.

Иако ова издание не е спектакуларно, тоа секако ја нагласило природната заводливост и убавина на Селма, а истото го надополнила со модерна чанта „Balenciaga“ и „Gucci“ сандали со платформа од сребрен сатен.


Чевлите на платформа се опсесија на актерката и таа уште од 90-те го носи речиси исклучиво само овој модел. За потсетување, Хаек е висока само 157 центиметри, па се труди да ја издолжи фигурата бирајќи чевли со екстремно високи потпетици.

Бидејќи е практично невозможно да се оди во потпетици повисоки од 15 центиметри, а истите да немаат платформа, јасно е од каде потекнува страста на холивудската ѕвезда кон овој модел на чевли. Таа ги има во сите облици и бои, изработени од сите материјали, во форма на папучи, сандали, салонки...


И иако е јасно дека чевлите на платформа се „скратен пат“ до повисока фигура, што е голем плус, од друга страна тие по правило изгледаат многу евтино, дури и кога се скапо платени. Иако поради високите потпетици ги карактеризираат како елегантен модел, критичарите сметаат дека тие сепак ја расипуваат елеганцијата поради својот робустен изглед.

Постојат ретки модели од овој тип кои можат да изгледаат добро, а најчесто тоа се оние кои немаат ремен околу зглобот или имаат малку потенка потпетица. Модните критичари секако не им се наклонети, но Селма, исто како и нејзината холивудска колешка Софија Вергара, веќе 30 години не се откажува од овој модел!




Спонзорирани линкови

Маркетинг