[ВИДЕО] Туристка разочарана од популарната дестинација: „Угостителите ги дискриминираат соло патниците“

Точка

26/08/2024

21:21

9.652

Големина на фонт

а а а

Канадската туристка Кристина Форд на социјалните мрежи, го изрази своето незадоволство од популарната туристичка дестинација Миконос.

Таа вели дека платила околу 777 долари за три ноќевања, како и дека била шокирана кога и побарале да остави бакшиш. „Во текот на сите години колку што патувам, никогаш порано не видов нешто слично. Исто така верувам дека доколку бев Гркинка, а не Канаѓанка којашто честопати ја мешаат со Американка, тоа немаше да ме прашаат (се однесува на бакшишот), и додаде дека не е скржава кога станува збор за бакшишот, но дека го дава само кога е задоволна од добиената услуга.

@insearchofmrdarcy Never have I ever had this happen travelling. Mykonos, you are taking advantage of your visitors #travel #traveltips #mykonos #solotravel #ripoff #womenwhotravel ♬ original sound - Christina|Author|Bad-Ass

Во другата нејзина снимка таа вели дека никогаш не би им советувала на соло патниците да одат на Миконос поради однесувањето на тамошните угостители кон неа. Имено таа тврди дека откако посетила неколку барови, забележала дека угостителите ги дискриминираат луѓето кои патуваат сами, и вели дека во еден локал ѝ било кажано дека мора да нарача храна во минимален износ од 100 долари. „Не сакаа да ме сместат на масата за двајца, и покрај тоа што локалот беше празен“, вели Канаѓанката.


Ваквите нејзини коментари предизвикаа различни реакции кај корисниците на „ТикТок“, додека едни ја поддржуваа другите велат дека нејзината реакција била претерана.


„Миконос е прекрасно место. Не знам зошто правиш толкава драма“, „Она поради коешто овој остров стана популарен полека се заменува со превисоки цени“, беа само дел од коментарите под објавата на Канаѓанката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг