Брз и евтин ручек: Рецепт за салата полна со протеини која се подготвува за 15-тина минути

Точка

22/08/2024

17:50

15.176

Големина на фонт

а а а

Салатата од варени јајца е одлична идеја за оние моменти кога сакате да јадете нешто убаво, но не сакате да потрошите многу време во кујната.

Главната состојка на оваа салата се варените јајца, кои не само што брзо се обработуваат термички туку и се богати со хранливи материи.

Во 100 грама варени јајца има околу 13 грама протеини, а само 155 калории.

Во зависност од вашите калориски потреби, вака подготвената салата можете да ја послужите помеѓу две кришки леб како сендвич, да ја свиткате во тортиља со некој дополнителен зеленчук или да ја јадете со листови свежа зелена салата.

Најдобро од сè? Салатата од варени јајца не бара многу готварски вештини, а можете да ја направите за многу кратко време - дури и за помалку од 15 минути.

Потребни состојки:

- 3 јајца
- 50 гр. јогурт
- 1 лажица мајонез
- 1 стапче целер
- ½ лажичка сенф
- ½ главица кромид
- сол и бибер по желба


Подготовка:

За да добиете тврдо варени јајца, потребно е да ги варите 10 до 12 минути во зовриена вода. Излупете ги и исечете ги на помали парчиња.

Кромидот и стебленцата целер исечкајте ги на ситни парчиња и измешајте ги со парчињата варени јајца.

Во поголем сад измешајте јогурт, мајонез, сенф, сол и бибер.

Во садот со сосот додајте ги варените јајца, целерот и кромидот и сè убаво измешајте.

Вака подготвената салата можете да ја јадете веднаш или да ја ставите во фрижидер да се стегне пред да ја послужите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг