Децата коишто навечер спијат помалку, се поврзуваат со идното користење на опојни супстаници

Точка

24/08/2024

14:22

4.823

Големина на фонт

а а а

Квалитетниот ноќен сон е неопходен за здравјето и развојот на децата, но начинот на спиење на детето може да биде поврзан со неговото идно користење на штетни супстанции.

Новата студија којашто ја спроведе тим од истражувачи од Пен Стејт, објавена во „Annals of Еpidemiology“ откри дека постои поголема веројатност дека адолесцентите до 15 година, ќе консумираат алкохол или марихуана ако заспивале подоцна во ноќта или доколку спиеле помалку часови во текот на своето детство.

„Студијата сугерира дека можеби постојат одредени критични возрасти кога на сонот треба да му се посвети особено внимание. Доколку се подобри квалитетот на сонот во текот на училишната возраст, не само децата ќе спијат подобро туку тоа ќе влијае и врз други аспекти од нивниот живот, како што е можната одлуката за користење на алкохол или други штетни супстанции“, изјави Ан Мари Чанг, една од авторите на оваа студија, и вонредната професорка по бихевиорално здравје на Пен Стејт.


Тимот научници го истражуваше спиењето во различни фази од детството кај истиот примерок деца, за да испитаат дали тоа влијание врз нивната подоцнежна употреба на штетните супстанции. Тие се фокусирале на два различни аспекти од сонот, времето на спиење и вкупното траење на сонот. Истражувачите објаснуваат дека доколку децата, а особено оние на училишна возраст одат на спиење подоцна во ноќта, тоа може да влијае врз квалитетот на нивниот сон.

„Сонот има повеќекратни бенефити. Важен е за децата бидејќи им помага во нивниот раст и развој. Лошиот сон може да има различни влијанија врз физичкото здравје на децата, како и врз нивното донесување на одлуки, а којшто исто така може да биде поврзан со нивната одлука да започнат со консумирање на штетни супстанции“, вели Дејдвид Риченберг, еден од авторите на студијата.

Оваа студија се потпирала на податоците добиени од 1.514 деца од 20 градови ширум САД. Кога истражувачкиот тим изврши процена на односот помеѓу времето за спиење во детството и траењето на сонот со идната консумација на алкохол и марихуана на тинејџерска возраст, открија нивна лонгитудинална поврзаност.


Тинејџерите имале 45% поголема веројатност дека ќе пробаат алкохол до петнаесетата година доколку покасно заспивале на возраст од девет години, во споредба со децата коишто спиеле порано. Меѓутоа времето на спиење на возраст од пет години не било поврзано со идната консумација на алкохол. Што се однесува до употребата на марихуана, подоцнежното заспивање на возраст од пет години било поврзано со 26% поголема веројатност дека децата ќе пробаат марихуана до 15 годишна возраст, додека спиењето еден час помалку на возраст од девет години било поврзано со 19% поголеми шанси дека ќе испробаат марихуана до 15 годишна возраст.

Истражувачкиот тим исто така ги испитуваше податоците на адолесцентите на возраст од 15 години, коишто самите го пријавувале своето време на спиење, должината на сонот и употребата на алкохол и марихуана. Истражувачите дојдоа до сознание дека тинејџерите коишто подоцна заспивале во текот на ноќта, имале 39% поголеми шанси дека ќе пијат алкохол и 34% повисоки шанси дека ќе пробаат марихуана. Спиењето еден час помалку се поврзува со 28% повисоки шанси дека тинејџерите некогаш ќе пробаат алкохол но не се поврзува со идна консумација на марихуана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг