[ФОТО] Оваа држава се смета за една од најдобрите за живот во пензија

Точка

21/08/2024

16:02

21.315

Големина на фонт

а а а

Иако спаѓа во една од најмалите европски земји, Малта може да се пофали со сè поголем број на нови жители, а особено пензионери.

Веб страницата „Global Citizen Solutions“ објави листа со најдобрите држави за пензионерски живот, а токму Малта се наоѓаше на третото место на оваа листа, пред неа се само Португалија и Шпанија.

„Малта може да се пофали со: неверојатен здравствен систем, прифатливи цени на недвижностите, одлични финансиски олеснувања и поттикнувања, политичка стабилност, широк спектар на можности за забава, идеални временски услови во текот на целата година и популација којашто зборува англиски“, се наведува во извештајот на „Global Citizen Solutions“.


Оваа земја којашто се наоѓа помеѓу Италија и Либија, има околу 530.000 жители. Поради својата стратешка локација во централниот Медитеран, културата и традицијата на Малта, претставува мешавина од повеќе култури, којашто е одраз на вековното северноафриканското, европското како и блискоисточното влијание.

Исто така, според Светска банка, Малта моментално е една од најбезбедните земји во Европа, во којашто англискиот е ден од официјалните јазици, па поради тоа привлекува многу нови доселеници коишто на овој начин можат полесно да се вклопат во општеството.


Како и повеќето европски земји, Малта нуди универзална здравствена заштита за сите граѓани и легални жители. Меѓутоа на државјаните коишто не се од ЕУ, потребно им е приватно здравствено осигурување, чијашто годишна стапка зависи од факторите како што се возраста и здравствената состојба на лицето. Според едно истражување месечните премии за здравствена заштита на Малта, чинат помалку од 100 долари, а медицинските услуги исто така имаат поволни цени, така на пример комплетна лабораториска анализа чини помалку од 30 долари, пишува „Travel and Leisure“.


Трошоците за живот на Малта се исто така пониски за разлика од други земји во ЕУ, со просечни месечни плати од 2.600 до 3.000 долари. Можностите за домување се различни, но бидејќи Малта е една од најгусто населените земји во светот, повеќето луѓе живеат во станови. Според „Global Citizen Solutions“ главниот град на Малта (Валета) е еден од најдобрите градови за пензионерите.


Интересно е да се каже дека, лицата коишто ќе се преселат на Малта, а коишто не се од ЕУ, можат да добијат одобрен престој во земјата за помалку од година дена, со вложување на најмалку 110.000 евра (околу 120.000 долари) во недвижности, а тоа исто така со ова ќе добијат право да патуваат без визи во сите земји на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг