[ФОТО/ВИДЕО] Американски туристи го посетија Авганистан, по повик од Талибанците: „Портата се отвори и сите доаѓаат“

Точка

22/08/2024

15:11

12.895

Големина на фонт

а а а

Бен Херковиц од Вермонт, САД, го посети Авганистан по повик од Талибанците, а Авганистан го нарече прекрасно место. Авганистан забележа раст на туризмот откако Талибанците се вратија на власт во август 2021 година, по повлекувањето на САД од земјата.

Хековиц го нарече Авганистан, како едно од најубавите места коишто некогаш ги посетил.

„Толку многу разновидни пејзажи на едно подрачје. Никогаш порано немам видено таков контраст на едно место“, вели Бен.


„Одите во Рим или Грција за да ги видите историските урнатини, со илјадници туристи коишто го блокираат патот околу вас, но тука во Авганистан можете сами да седите на овие прекрасни места во коишто има толку многу историја од различни периоди“, додава Бен.

„Повеќе од 10.179 туристи го посетија Авганистан од август 2021 година“, изјави за „BBC“ портпаролот на авганистанското министерство за туризам. Иако овие бројки делуваат ниски, постепеното зголемување на бројките укажува на нов раст на туризмот во Авганистан, дури и во период кога земјата се бори со хуманитарна криза и сиромаштија по децении долгата војна. Многу земји официјално ја немаат признаено талибанската влада, а ОН го нарекуваат Авганистан најрепресивна земја за женските права во светот.


„Постои прилив на туристи коишто доаѓаат во земјата од падот на републиката“, вели Кајбер Кан, основач на туристичката компанија „Unchartered Afghanistan“.

Како што вели државата има многу да понуди, од културата до луѓето. Талибанските функционери велат дека го поддржуваат туризмот, а земјата најмногу ја посетуваат туристи од САД, ЕУ, Кина, Индија, Обединети Арапски Емирати и Иран. Во рамките на министерството формиран е оддел за давање услуги на туристите како и обука за студентите во областа на туристичката индустрија и хотелиерство.


Убав и гостољубив

Херковиц, вели дека бил заинтригиран да го истражува Авганистан, откако од други туристи слушнал дека се работи за многу убава и гостољубива земја.


„Повеќе сакам да добивам информации од пријателите коишто неодамна биле на овие места и коишто го споделуваат своето искуство со мене“, изјави Херковиц за „СNN“, и додава дека се чувствувал одлично додека го истражувал Авганистан.

Ехсан Баракзаи, основачот на авганистанската туристичка компанија „Destination Afghanistan“ вели дека „портата (во Авганистан) само што се отвори, така што сите почнаа да доаѓаат, а туристите можат да влезат во Авганистан откако ќе добијат виза во еден од авганистанските конзулати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг