[ФОТО] Јануш Рач е првиот човек што ја прими вакцината против рак на белите дробови: Научниците веруваат дека откриле револуционерен третман на карциномот

Точка

24/08/2024

20:12

5.911

Големина на фонт

а а а

Јануш Рач (67) од Велика Британија стана првиот пациент кој ја прими новата вакцина против рак на белите дробови!

Рач учествувал во експериментот со голем оптимизам и ако сè биде во ред, тоа би можело да биде почеток на револуционерен третман.

„Јас сум научник и јасно ми е дека науката може да напредува само ако луѓето се согласат да учествуваат во вакви програми. Работам на полето на вештачката интелигенција и отворен сум за испробување нови работи. Се надевам дека вакцината ќе се бори против клетките на ракот и дека третманот ќе се покаже како ефикасен“, изјавил Рач, кој живее во Лондон.


Рач и претходно покажа дека има значителни резерви на волја. Тоа се видело и пред осум години кога трчаше на маратонот во Атина. Сега има за цел да го истрча маратонот во Лондон за три години.

Вакцината, која е дизајнирана да го поттикне имунолошкиот систем да ги препознае и да се бори против клетките на ракот, ја примил во вторникот во Универзитетската болница во Лондон. Ова е првпат третман на германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ (BioNTech) да биде тестиран на пациент со рак.

Рач примил шест инјекции во рок од половина час и секоја содржела различен генетски материјал. Тој ќе ја прима вакцината еднаш неделно во следните шест недели, а потоа по една вакцина на секои три недели.

Вакцината, позната како БНТ116 (BNT116), е дизајнирана да го таргетира неситноклеточниот карцином на белите дробови (NSCLC), од кој боледува Рач, а кој е најчестиот тип на рак на белите дробови. Идејата е да се елиминираат клетките на ракот и во исто време да се спречи нивното повторување така што ќе се тренира имунолошкиот систем да ги препознае клетките на ракот и да ги нападне.


Клиничкото испитување на фазата 1, која е прва студија за БНТ116 на луѓе, започна во 34 истражувачки институции во седум земји: Велика Британија, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција.

Вкупно околу 130 пациенти, меѓу кои и пациенти чиј рак е откриен во рана фаза и пациенти со метастази, ќе ја примат вакцината заедно со имунотерапијата.

Вакцината користи гласник РНК (мРНА) како вакцините за ковид-19 и функционира така што на имунолошкиот систем му обезбедува маркери за рак од МРСА за да го обучи телото да ги напаѓа клетките на ракот кои ги изразуваат тие маркери. Целта е да се зајакне одговорот на имунолошкиот систем на ракот, а здравите клетки да останат непроменети, за разлика од хемотерапијата.


Британскиот весник „Гардијан“ наведува дека вакцинацијата на Рач е „критична пресвртница“ за студијата.

Експертите, како што е професорот по онкологија Сиоб Минг Ли од Универзитетскиот колеџ во Лондон, изјавија за „Гардијан“ дека тоа е почеток на „многу возбудлива нова ера“ во истражувањето на ракот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг