Блогер кој посетил 190 земји открива кои се најдобри и најлоши земји за туристите, ја споменува и Македонија

Точка

20/08/2024

19:24

19.467

Големина на фонт

а а а

Блогерот за патувања Лука Пфердменгес кој посетил 190 земји, открива кои од нив, според него, се најмногу преценети. Тој зборувал и за земјите кои заслужуваат поголемо внимание и ја споменал и Македонија.

Станува збор за Египет - Лука смета дека оваа земја најмногу ги иритира туристите. Покрај Египет, му пречат и овие дестинации.

„Франција, Малдиви, Маурициус, Сејшели, поголемиот дел од карипските Мали Антили. Тоа се туристички места кои често немаат што да понудат освен убави плажи“, изјавил тој за „Daily Mail“.


Како најпотценети земји ги навел Узбекистан и уште некои во централна Азија, балтичките земји, Бутан, Македонија, Црна Гора и поголемиот дел од Латинска Америка.

„Луѓето обично забораваат дека постојат, но често се многу повозбудливи и подостапни од класичните туристички дестинации. Посебно скриени скапоцени камења се Бутан и Мјанмар. Овие земји не се особено познати, но тие се меѓу најубавите во светот“, вели тој.


По посетата на толку многу земји, овој Геранец вели дека најнеомилена дестинација и земја на која нема да ѝ се врати барем во скоро време е – Белгија. Лука ја опишал Белгија како „небезбедна“ и „грда“.

„Според мене, се чувствував многу небезбедно ноќе – зборувам за Брисел“, изјавил Лука и додал: „И многу од белгиските градови се прилично грди. Сиви и депресивни, особено во зима“.


Лука вели дека му е тешко да ја избере најдобрата земја, но ги издвоил Мексико, Бразил, Израел, Шпанија, Бутан, Велика Британија, Обединети Арапски Емирати, Португалија и Австрија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг