Сопругата на Марк Ентони сподели видео од нивната венчавка – пејачот го совладале емоции

Кармин

31/01/2023

09:40

5.070

Големина на фонт

а а а

Манекенката Надија Фереира (23) неодамна во Мајами се венчаше со пејачот Марк Ентони (54) и на Инстаграм сподели видео од венчавката.

Ентони го совладале емоции кога видел како доаѓа кон олтарот, па заплакал. На венчавката биле присутни многу познати личности, меѓу кои биле и Викторија и Дејвид Бекам, Селма Хајек, Малума, Луис Фонси...

Младенците сакале приватност, па поради тоа медиумите не биле поканети. Тие двајца почнале да се забавуваат во март минатата година, а се вериле два месеци подоцна.

Многу корисници на социјалните мрежи ја критикуваат нивната врска, бидејќи таа е 31 година помлада од него. Меѓутоа, тие не обрнуваат внимание на негативните коментари.

Тој зад себе има три брака: со Дајана Торес (од 2000 до 2004 година), со Џенифер Лопез (од 2004 до 2011 година) и со Шенон Де Лима (од 2014 до 2017 година). Од бракот со Дајана ги има синовите Кристијан и Рајан, а со Џенифер близнаците Макс и Ема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk