Астролозите согласни – за овие 5 хороскопски знаци мај ќе биде најубавиот месец во годината: Ќе го наполнат паричникот, ќе ја пронајдат среќата во љубовта...

Кармин

25/04/2024

19:20

12.184

Големина на фонт

а а а

Астролозите предвидуваат кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во текот на месец мај, 2024 година.

Со доаѓањето на месец мај настапува постабилно влијание на ретрограден Меркур, што особено поволно ќе влијае на одредени хороскопски знаци.

Астролозите предвидуваат кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во текот на мај, а согласни се дека истата најнаклонета ќе биде на следните знаци.


Рак

Ова е месецот во којшто Раковите ќе уживаат во добрата енергија на љубовта која ќе ги опкружува. Ова особено поволен месец ќе биде за слободните припадници на овој знак затоа што постои голема веројатност да запознаат некој посебен на целосно неочекувано место. Раковите кои се наоѓаат во љубовни врски конечно ќе можат својот однос да го доведат на повисоко ниво. Овој месец за нив ветува среќа во љубовта.

Девица

Ве мачеа одлуки кои претходно сте ги донеле и не сте сигурни дали воопшто сте тргнале по вистинската насока, но во текот на месец мај ќе откриете дека е така. Во претходниот месец многу сте научиле за работите кои ќе ви бидат корисни во мај. Бидете претпазливи, самоуверени и посветени на својата работа затоа што вашата вистинска среќа дури од овој месец ве чека и конечно ќе ја откриете.

Шкорпија

Ќе уживате во периодот пред вас и особено ќе ве смирува мирисот на цвеќиња и престојувањето покрај вода. Ќе се поврзете со внатрешните емоции и ќе надминете некои поранешни стравови. Овој месец ќе бидете исклучително горди на себе, но ќе почувствувате и како изгледа внатрешниот мир во суштина.


Јарец

Плановите и желбите од минатото сега се остваруваат. Мај е месец во којшто инаку уживате, а топлото време ве исполнува исклучително со проактивна енергија. Вие сте личност која е ориентирана кон целта, а сега плодовите од работата конечно ќе може да ги видите. Ќе уживате во добрата енергија каде и да се појавите, а особено ќе цветате во вашиот деловен и општествен живот.

Риби

Сте се бореле со прифаќање на себеси, а во текот на мај оваа борба ќе ја оставите во минатото. Сте научиле себеси да се ставате на прво место, но и да ги послушате и разберете другите. Еднакво ќе уживате во сопственото друштво, како и во заедницата која ве бодри и е тука за вас. Поврзаноста е важен мотив којшто ќе ве придвижува во текот на месец мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk