Тоа секојдневно го прават: Викторија Бекам открила што го чини совршен нејзиниот брак со Дејвид

Кармин

19/04/2024

19:43

10.832

Големина на фонт

а а а

Викторија Бекам ја откри тајната на среќниот брак со својот сопруг Дејвид Бекам.

Модната креаторка која веќе 25 години е во брак со поранешниот фудбалер Дејвид, ја откри тајната на нивниот долгогодишен брак во интервју за магазинот „Elle“, откако фановите добиле увид во нивниот живот во минатогодишниот документарец за Бекам на „Netflix“.

Таа го опишала својот партнер како „инспирација“ за неа и открила една работа која го чува нејзиниот брак – насмевката.


Викторија Бекам изјавила: „Сопругот ми е инспирација. Дали изгледаме како пар којшто се гледа во документарец на Netflix? Да. Сакаме да се забавуваме, да разговараме, играме, пееме. Тоа е она што е потребно за среќа. Многу верувам во смеењето, семејството и пријателството. Сфаќам дека станавме модел. Луѓето сакаат да гледаат врски кои траат“.

Таа исто така потсетила дека потекнува од работничка класа. Можеби највпечатливата сцена од нивниот документарец, е онаа каде Викторија вели дека е од работничка класа пред Дејвид да ја прекине и да ја потсети дека татко ѝ ја возел во училиште со „Ролс Ројс“, што предизвикало огромна реакција кај гледачите и станало предмет на многу шеги на социјалните мрежи.

Но, во разговор за „Elle“ таа инсистирала дека не е родена со „сребрена лажица во устата“.

Викторија за тоа му рекла на Дејвид: „Длабоко во себе, и двајцата делуваме исти вредности. Имаме исти животни позадини. Нашите семејства напорно работеа да нѐ одгледаат. Мојот татко заработуваше, а потоа банкротираше. Ни Дејвид ни јас не сме родени со сребрена лажица во устата. Имаме правило на еднаквост, без оглед на тоа дали станува збор за грижата околу куќата или децата“, објаснила Бекам.


Колку се семејно блиски, покажале уште еднаш, кога Дејвид и нивните деца за 50-от роденден на Викторија споделиле нејзини стари фотографии на социјалните мрежи со топла роденденска честитка и пофални зборови за сите улоги кои оваа убавица ги има во животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk