По 22 години брак и 4 деца – се појавила таа: Ќерката на славниот актер јавно неговата љубовница ја нарекла „ѓубре“, но тој среќно го живее новиот живот

Кармин

22/04/2024

18:48

20.959

Големина на фонт

а а а

И покрај осудите на јавноста, скршеното срце на жената со која поминал децении и тоа што ниту децата не сакале да разговараат со него, актерот останал со младата актерка, а неодамна и се венчале.

Најголемите холивудски ѕвезди во последните години почесто ни го покажуваат својот талент во телевизиски серии отколку во филмови, па така и шкотскиот актер Јуан Мекгрегор, кого досега го гледавме во некои од најголемите кино хитови во изминатите децении, сега ја претставува серијата „A Gentleman in Moscow“.


Во оваа мини-серија друштво пред камерите му прави американската актерка Мери Елизабет Винстед, што ни дава уште една можност да ја видиме нивната несомнена хемија.

Токму и таа хемија е причината за крајот на неговиот брак, што воедно пред неколку години беше еден од најголемите скандали во светот на славните.

Јуан Мекгрегор (53) и Мери Елизабет Винстед (39) се запознале во 2016 година, на снимањето на серијата „Fargo“, во која актерот портретирал два лика, браќата Емит и Реј Стајси, од кои вториот започнал врска со Мери, ликот на Ники Сванго.

Веќе во мај следната година било откриено дека актерката се развела од сопругот и режисер Рајли Стернс, со кого била во брак од 2010 година, а на „Инстаграм“ му порачала дека ќе го сака засекогаш.

Многумина не се ни посомневале дека нејзиното срце го зазел друг маж – ни повеќе ни помалку нејзиниот оженет и 14 години постар колега, Јуан Мекгрегор.

Во октомври 2017 година, тие биле забележани како се бакнуваат во извесно кафуле во Лондон, пред заедно да се одвезат со моторот на Јуан. Само ден подоцна, „People“ објавиле дека актерот и неговата сопруга Ева Мавракис се разделени од мај – кога Мери Елизабет објавила дека се разведува.

„Тие одлучија без помпа да стават крај на својот брак, не живеат заедно од мај“, своевремено изјавил извор близок на поранешниот пар“. „Јуан е слободен човек.“


Во тој момент, шкотската суперѕвезда бил во брак веќе 22 години, а со сопругата имал 4 деца: Клара, Естер, Анук и Џамијан, која ја посвоиле од Монголија.

Доколку претходно се криеле, тогаш престанале целосно. Јуан Мекгрегор и Мери Елизабет Винстед почнале да се шетаат држејќи се за рака, да патуваат и да покажуваат дека се вљубени како тинејџери.

Во јануари 2018 година, Мекгрегор бил награден за неговата работа во „Fargo“, кога му бил врачен „Златен глобус“ за најдобар актер во мини-серија, а тогаш ги запрепастил сите кога зборувал за сопругата и за љубовницата.

„Најпрво би сакал да се заблагодарам на Ив, која беше покрај мене 22 години, како и на нашите деца, Клара, Естер, Џамијан и Анук. Отсекогаш го сакав актерството и имам прекрасни пријатели од овој свет. Емет не би бил без Дејвид Тјулис, а не била Реја без Мери Елизабет Винстед“, зборувал Јуан, на општ шок.


Ќерките на Јуан не криеле колку нивното семејство е погодено од оваа прељуба, а Клара, најстарото дете на Јуан и Ева, своевремено реагирала на прогласувањето на Мери Елизабет Винстед за најубава актерка, огласувајќи се на „Инстаграм“:

„Најубава? Таа е најобично ѓубре! Ви благодарам многу, пријатно!“

Шкотскиот актер, сепак, ја продолжил врската со помладата колешка, формално се развел во 2020 година, а во 2020 година го добил и синот Лори заедно со Мери Елизабет. Тие се венчале во април 2020 година, на интимна церемонија во Лос Анџелес.


Наводно, на прославата присуствувале само најблиските, односно членовите и пријателите на семејството и сè поминало во најдобар ред.

„Беше прекрасно и радосно“, потврдил неименуван извор. „Тие се толку прекрасен пар. Не го сакаат вниманието на јавноста и уживаат во животот во кањонот. Често пешачат и одат на плажа.“


Наводно, парот сакал да ја круниса љубовта со брак бидејќи веќе со години уживаат во хармонична врска.

„Заљубени се еден во друг како никогаш порано, а откако пред минатата година го добија првото заедничко дете, нивната врска е уште посилна“, неодамна истакнал извор близок до актерите.

Меѓутоа, не е познато дали ќерките на Јуан присуствувале на венчавката. Најтешко му било со Клара со која во меѓувреме се смирил. Згора на тоа, тие соработувале на филмот „Bleeding Love“, базиран на нивниот турбулентен однос.


Тогаш, тој посочил дека „има работи кои не се вистинити или се искривени, но и понатаму ја отсликуваат нивната отуѓеност“ и нагласил дека родителот ќе направи сè што е во негова моќ да не го загуби своето дете.

Јуан и Мери неодамна повторно соработувале, на сетот на споменатата серија „A Gentleman in Moscow“, а Меккрегор за „Radio Times“ изјавил дека им бил потребен „координатор за интимност“.


„Чудно е да се биде гол пред луѓе, чудно е да се биде интимен пред камера“, зборувал тој. „Да работевме на танц сцена, ќе ни беше потребен кореограф. Тоа е сега важен дел од работата, бидејќи тоа е некој со кој режисерот и актерот се среќаваат на средина.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk