[ФОТО] Ќерката на познатиот актер е најубава во Холивуд: Сите занемеле од нејзиниот сјај, а за својот татко би ги дала душата и срцето

Кармин

19/04/2024

23:45

27.262

Големина на фонт

а а а

Ела Блу Траволта го поддржала својот татко на прославата на 30-годишнината од филмот „Pulp Fiction“ како негова придружничка и воодушевила со нејзиниот прекрасен изглед.

Во четвртокот, Ела (24) присуствувала на црвениот тепих на „TCM Classic Film Festival 2024“ во мид фустан со принт, заедно со нејзиниот татко Џон Траволта (70), кој глумел во филмот од 1994 година заедно со актерите Брус Вилис, Ума Турман и Семјуел Л. Џексон.

Дуото татко-ќерка продефилирале на црвениот тепих рака под рака. Џон бил облечен во тегет фармерки и бела кошула која наѕирала од неговиот црн џемпер и блејзер со марамче.


Џон својата ќерка ја добил во април 2000 година со покојната сопруга Кели Престон, која починала во јули 2020 година на 57-годишна возраст од рак на дојка. Оттогаш, тој е самохран родител, што им овозможило заедно да развијат силна и посебна врска.

„Таа е своја личност. Таа е љубезна, дарежлива, великодушна, грациозна и преубава. Не знам како стана таква и не земам никакви заслуги освен што многу ја сакам“, изјавил Траволта за списанието „People“ во 2019 година за својата ќерка.

Со текот на годините, дуото татко-ќерка исто така биле здружени на повеќе различни проекти, вклучително реклами за настани од висок профил како „Super Bowl“ и „PlayStation“.


Секогаш ја користам приликата да направам нешто со својот татко и најмногу се забавуваме кога правиме нешто заедно“, зборувала Ела, која исто така се вклучила со индустријата за забава.

За 70-тиот роденден на нејзиниот татко, Ела го почестила со искрена објава на „Instagram“.


„Среќен роденден на човекот кој е секогаш покрај мене и кој секогаш носи светлина и убавина на овој свет. Те сакам до месечината и назад“, напишала таа. Траволта во коментарите одговорил: „И секогаш ќе бидам, Ела, мое девојче“.


Траволта е татко и на синот Бенџамин. Тој и Кели биле родители и на синот Џет, кој починал во јануари 2009 година на 16-годишна возраст.

Таа е позната манекенка, но и актерка, која со тоа почнала да се занимава уште од мали нозе.


Актерот морал да се соочи со големи животни трагедии, кои биле обележани со смртта на членови на блиското семејство. Имал проблеми со анксиозноста и депресијата, но успеал да се закрепне и добро да функционира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk