[ВИДЕО] Медицинска сестра со две деца во солзи поради парите кои ги заработуваат со сопругот: „Кога ги плативме сметките и го наполнивме фрижидерот, останавме без ништо“

Кармин

25/04/2024

14:28

5.005

Големина на фонт

а а а

Медицинска сестра се расплакала за време на снимањето на видео во кое објаснува како таа и нејзиниот сопруг „крпат крај со крај“, и покрај тоа што и двајцата работат, наизглед добро платени работи и тоа со полно работно време.

Она што целосно ја скршило оваа мајка на две деца е фактот што по плаќањето на сметките и купувањето на основните животни намирници, на нејзиното семејство не останува речиси ништо повеќе за трошок.


Како изгледа животот на оваа медицинска сестра од САД, големината на куќата во која живее нејзиното четиричлено семејство и колку пари им останале нејзе и на сопругот да растегнат“ една недела до следниот дел од платата, жената објаснила во видео за социјалните мрежи, сето време плачејќи поради немоќта да ја подобри својата финансиска состојба.

Нејзиното обраќање ви го пренесуваме во целост.

„И двајцата имаме навидум добри работни места“

„Двајцата (сопругот и таа) имаме добри работни позиции. Јас сум пријавена медицинска сестра, работам со полно работно време. Мојот сопруг исто така. Минатиот петок добивме плата. Ја плативме хипотеката, купивме намирници за куќата, наполнивме бензин. И луѓе, вторник е – а ние имаме 200 или 300 долари да издржиме до следниот петок.

Не живееме во голема куќа, туку на мал имот – вкупно 100 квадрати. Куќата има три соби и едно купатило. Имаме и две деца.“

„Добро заработуваме и јас и сопругот, но не ни останува ништо“

„Јас добро заработувам, сопругот исто така, ние не живееме и не трошиме над нашите можности-живееме од плата до плата.


Се чувствувам како сиромашна медицинска сестра. Некој мора да направи нешто за ова да се промени, бидејќи не знам што да правам. Јас сум под голем стрес. Не треба да биде вака. Што сега и како понатаму?“, прашала таа на крајот.

Нејзината исповед станала вирална на „Instagram“, ја споделиле и бројни страници, а очекувано следеле и бројни коментари.

„Ова не е сиромаштија, треба да ја промени перспективата“

„Знам дека е под стрес, но поседување куќа и 300 долари на сметка за една недела не е сиромаштија. Незгодно е и „тесно“. Таа само треба малку да ја промени својата перспектива, да одгледува зеленчук на својот ранч или нешто слично“, советувал извесен корисник на споменатата социјална мрежа.

„Луѓето се премногу зафатени со зборување неважни работи поврзани со ова видео кога главниот проблем сè уште се преоптоварените луѓе, кои се недоволно платени кога ќе ги земете предвид трошоците за живот денес. Двајца родители работат со полно работно време на „добри работни позиции“ овие денови и тоа не е доволно за нормален живот. Тоа е едноставно лудо“, напишал друг.


Трети, пак, ѝ порачале дека во нејзиниот случај чашата е „полупразна“ и дека треба да ја гледа како „полуполна“ затоа што тие ја платиле хипотеката, го направиле пазарењето и го наполниле резервоарот, а сепак останале пари кои можат рационално и неоптеретено да ги трошат наредните 7 до 10 дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk