[ФОТО] 4 бои за коса кои се хит сезонава – покажете му ги на вашиот фризер и сигурно нема да погрешите при изборот

Кармин

23/04/2024

21:06

5.389

Големина на фонт

а а а

Сакате да ја смените бојата на коса, но не знаете која да ја изберете, сите дилеми ќе исчезнат кога ќе ги видите овие четири фризури.

Пролетта пристигна, а поради тоа многу од дамите се одлучуваат и за промена во „beauty“ рутината.

Не само што преминуваме на козметика со посветла текстура туку размислуваме и за фризури и нова боја на коса која ќе одговара на поведрите денови.

4 бои за коса кои ќе бидат хит пролетва

Чоколаден сјај

Својата смеѓа трансформација прва ја претстави Хејли Бибер, а потоа следеле и многу други. Пролетва чоколадната нијанса на боја се носи прошарана со карамел тонови, па како таква станала најбарана во фризерските салони затоа што изгледа шик и скапо, а лесна е за одржување.


„Исончана“ коса

Доколку сакате посветли бои за коса, тогаш ќе сакате да знаете сѐ за трендот „summer lift“. Станува збор за боја на коса која се постигнува со осветлување на деловите кои сонцето би ги осветлило по природен пат (предните и површинските прамени). Резултатите се суптилни, но значителни.


Кајсија боја

Бакарните и црвени нијанси можеби биле тренд минатата есен и зима, но пролетва сѐ е во нијансите на бојата на кајсија. Овие тонови ги гледаме насекаде на ТикТок и Инстаграм кај модерните девојки, каде често може да најдете инспирација.


Крем, руса боја

Заборавете на интензивно русите нијанси затоа што пролетва е во знак на кремастите бои. Фризерите велат дека многу е тешко да се постигне оваа нијанса на боја. Тоа е така затоа што прамените на косата мора рамномерно да се осветлат сѐ до светложолта боја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk