Што се случува со телото кога ќе претерате со внесувањето шеќер – овие алармантни сигнали не треба да ги игнорирате

Кармин

25/04/2024

16:30

10.244

Големина на фонт

а а а

Консумирање шеќер не се смета само она кога јадеме чоколадо или колач, оваа супстанција е составен дел од многу индустриски преработени производи, па дури и оние солените.

Така шеќерот може да го најдете во житарките, мајонезот, кечапот, енергетските пијалаци... Поради тоа што внесувањето поголеми количини шеќер не е здраво, обрнете внимание на овие знаци кои телото ви ги испраќа за да не претерате со него.

Предвремено стареење

Доколку не сте го поврзале стареењето со шеќерот, мора да знаете дека претераното и неконтролирано консумирање може да предизвика долготрајно оштетување на протеините во кожата, како што се колаген и еластин. Исто така, освен предвремено стареење, може да се предизвика и појава на егзема на кожата.


Вишокот шеќер не е најдобар пријател на хормоните и може да го промени нивниот баланс и да доведе до појава на акни. Оваа супстанција може да доведе до нерамнотежа во цревната флора и воспаленија во организмот.

Станувате зависни

Студиите потврдиле дека позитивната врска меѓу поголемото внесување шеќер создава зависност. Шеќерот може да делува на нервниот систем како лековите кои предизвикуваат чувство на зависност.

Ниско ниво на енергија

Гликозата има важна улога во произведувањето на енергија во телото, но само кога во крвта се наоѓа во оптимални количини. Кога низ храната внесувате шеќер, панкреасот ослободува инсулин којшто помага во транспортот на гликоза до клетките и во тие моменти може да почувствувате интензивен налет на енергија.

Меѓутоа, кога залихите ќе се исцрпат, ќе почувствувате пад на енергија затоа што на телото му е потребно повеќе шеќер за повторно да го активира циклусот.


Склони сте на дуење

Шеќерот е идеална храна за лошите цревни бактерии, лесно може да го наруши балансот и рамнотежата во цревната флора, па затоа се појавува дуењето и непријатните гасови во стомакот.

Послаб имунитет

Всушност, оваа нуспојава е поврзана со претходни симптоми. Можеби не сте знаеле, но 70 отсто од нашиот имунолошки систем го одржуваат корисните цревни бактерии, а поради тоа што шеќерот ги храни лошите, поизвесен е падот на имунитетот.

Вишокот гликоза во крвта се складира во црниот дроб, мускулите и во обликот масти околу струкот. Ова е највидливиот и најчест знак дека исхраната не е избалансирана и дека потребно е да обрнете внимание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk