Поради неа Елизабета станала кралица, важела за опасна заводничка, ја сметале за нацистички шпион: 5 интересни факти за Волис Симпсон

Кармин

25/04/2024

12:13

4.158

Големина на фонт

а а а

Војвотката од Виндзор, познатата Волис Симпсон, е родена во Америка и токму таа била „виновникот“ поради кој кралицата Елизабета, сосема неочекувано, го презела тронот.

Како што може да ви каже секој обожавател на „The Crown“, сопругот на Волис Симпсон, кралот Едвард VIII, се откажал од тронот по помалку од една година затоа што неговото семејство (и парламентот) не сакале да ја прифатат Симпсон, жената која ја сакал (а која била разведена, и тоа двапати) за кралица.

Абдикацијата на Едвард (по која тој беше познат како војводата од Виндзор) го постави неговиот брат Џорџ VI на тронот, правејќи ја кралицата Елизабета Втора наследничка.


Симпсон најмногу ја паметат по овој скандал што го смени текот на историјата, но таа живееше 50 фасцинантни години по абдикацијата на нејзиниот сопруг - и водеше исто толку интересен живот како и пред да стане дел од кралското семејство.

Ова се некои од помалку познатите детали за Волис Симпсон.

Била ѕвезда од мали нозе

Родена на границата помеѓу Мериленд и Пенсилванија и израсната во Мериленд, дури и оние кои ја познавале Волис како дете мислеле дека таа е нешто посебно - но тоа ги правело нервозни.

„Некои од родителите во тоа време веруваа дека има нешто исклучително во врска со Волис и дека нејзиното влијание е злобно“, напишала Ен Себа, авторка на книгата „Таа жена: Животот на Волис Симпсон, војвотката од Виндзор“.


Волис посетувала средно училиште во една од најпрестижните приватни институции во Мериленд, Олдфилд, каде била најпозната како бунтовничка - склона да се искрадува, да пуши цигари и да биде магнет за мажи. Истиот тој магнетизам го привлекол Едвард кон неа децении подоцна.

Била двапати во брак пред да го запознае Едвард

Волис стапила во својот прв брак во 1916 година, кога имала 20 години, со поручникот Ерл Винфилд Спенсер. Тие се запознале на поморската воздухопловна база во Пенсакола, Флорида, каде Волис била во посета на нејзината роднина Корин Мустин, која исто така била во морнарицата. Бидејќи Спенсер бил војник, парот често бил разделен, а Вoлис многу патувала сама, дури во еден момент поминала и една година во Кина. Кога се вратила во САД во 1925 година, таа и Спенсер се разделиле, а на крајот се развеле во 1927 година.


Таа повторно се омажила, овој пат со Ернест Симпсон, извршен директор за бродарство, во 1928 година. Откако се венчале, живееле во Лондон, но биле принудени да се преселат откако нејзините инвестиции пропаднале за време на падот на Волстрит во 1929 година. Волис подоцна го запознала Едвард преку заеднички пријатели. Нивната афера започнала во 1934 година, а нејзиниот брак со Симпсон официјално заврши дури во 1937 година - истата година кога Едвард абдицирал.

Имала многу афери - но не можела да има деца

За време на сите три нејзини бракови, Волис била позната како неверна. Како што се пишувало, аферата за време на првиот брак, во која останала бремена, а потоа абортирала, ја оставила неплодна. Додека живеела во Кина, таа го запознала грофот Галеацо Чиано во Пекинг - човекот кој подоцна ќе му биде зет на Бенито Мусолини и министер за надворешни работи во неговата влада - со кого имала афера. Забременила, а потоа ја прекинала бременоста. Постапката тргнала наопаку и таа не можела да има деца во иднина, според биографијата на Чарлс Хајгам, „Волис: Тајните животи на војвотката од Виндзор“.


Имала импресивна колекција на накит

Иако никогаш не била англиска кралица, таа сигурно имала кралски импресивна колекција на накит. Нејзината ризница вклучувала бројни парчиња од „Cartier“, вклучително и нараквица од сафир, нараквица од аметист и тиркизна боја, како и комплет прстени и ѓердан од корални перли. Имала и дијамантски брош во облик на куче, друг во облик на пеперутка, прамен од природни и култивирани бисери и приврзок од топаз и дијаманти.

Многу од овие предмети беа ставени на продажба во „Sotheby’s“ во 2013 година. Аукцијата на нејзиниот накит во 1987 година постави рекорд во тоа време, со вкупен број на парчиња за над 50 милиони долари. На аукцијата во 2013 година биле собрани над 6 милиони долари.

Во пресврт на кралската судбина, пред предметите да излезат на аукција во 1987 година, Мохамед Ал Фајед, таткото на Доди Ал Фаjед, кој загина заедно со принцезата Дајана во сообраќајна несреќа во 1997 година, се обидел да купи поголем дел од колекцијата.


Многумина ја сметале за нацистички шпион

Едвард сега е познат симпатизер на нацистите, а во годините пред и за време на Втората светска војна, некои верувале дека Волис е германски агент и нацистички шпион. Овие сомнежи дури се засилиле кога таа и Едвард ја посетиле Германија во 1938 година, каде го запознале Адолф Хитлер. Според биографијата на Грег Кинг за Волис, Хитлер по средбата изјавил дека таа „би била добра кралица“. Оваа изјава, се разбира, не направила ништо да ги поништи сите гласини за нацистичката врска. Самата Волис тогаш ги демантирала гласините во писмата до нејзиниот сопруг.

Пред војната, тие живееле во Париз, од каде побегнале во Бијариц, па Шпанија, а потоа во Лисабон, за на крајот да слетаат на Бахамите во 1940 година, каде што останале во наредните 5 години. По војната, тие се вратиле во Франција, каде што живееле до крајот на нивното време заедно. Волис продолжила да живее таму по смртта на Едвард во 1977 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk