[ФОТО] „Нејзиниот вкус за момчиња е хронично ужасен“: На интернет можат да се прочитаат ужасни коментари за новото момче на Селена Гомез

Точка

25/04/2024

15:17

4.660

Големина на фонт

а а а

Фановите велат дека Селена Гомез бира погрешни мажи, но што вели таа?

Пејачката пред неколку дена била на кошаркарски натпревар со текстописецот и продуцент Бени Бланк и нејзината публика наголемо (негативно) го коментирала изгледот на нејзиното момче.

Што е всушност несоодветниот љубовен избор и дали Бени се вклопува во тоа?

Селена Гомез била облечена во прекрасен бордо мантил, со ефектни чизми. Дискретната шминка и едноставна пунџа исто така биле полн погодок кај пејачката.

Бени бил облечен во свој манир, лежерно и шик. Но, не мислат сите така.

Вака на социјалната мрежа Инстаграм ја коментираат нивната врска и него:

„За што размислува таа кога е со него?“, „Очајна е, 100 отсто“, „Нема никаков вкус за мажи“, „Тие панталони и чевли. Селена, научи го момчето да се облекува како маж“, „Немала удел во овој негов аутфит“, „Овој пар е шега“, „Нејзиниот вкус за мажи е ужасен“, „Изгледа како константно да има лош здив кога ќе се разбуди наутро“, „Неговиот вкус за облекување е криминален“, „Моите баба и дедо се облекуваат поубаво од него“.

Тука се и оние кои гледаат поразлично на целата таа ситуација:

„Мислам дека сака да го бакне“, „Најважно е како тој се однесува кон неа. Доколку ја сака, почитува, штити, тогаш таа е среќна“, „Сѐ додека е добар кон неа, нема потреба за грижи“, „Верувам дека ќе се венчаат“.

Селена Гомез чиј стил постојано е пофалуван, во декември 2023 година оставила низа коментари на Инстаграм со што конечно ја потврдила врската со музичкиот продуцент: „Тој е апсолутно сѐ во моето срце“.

Пејачката и актерка зад себе има повеќегодишна романса со Џастин Бибер, како и врска со пејачот The Weeknd.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk