Брзата храна е забранета, а физичката активност е задолжителна: 6 правила на воспитување кои децата на Кристијано Роналдо мора да ги почитуваат

Кармин

02/12/2022

12:17

6.035

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо има силна желба да има многу деца и таа негова опсесија, велат експертите, потекнува од детството.

Одлучен да исполни сè што замислил, Кристијано стана татко во раните 20-ти години преку сурогат мајка.

Кога на свет дојде неговиот прв син Кристијан Јуниор, тоа беше 2010 година, а неговата тогашна девојка Ирина Шајк беше изненадена од ситуацијата.

Меѓутоа, Кристијано никогаш не се правдаше и никогаш не призна зошто толку многу сака да има толку деца. Во јуни 2017 година, Роналдо ги доби близнаците Ева и Матео со помош на сурогат мајка, а во ноември истата година ја доби и ќерката Алана со својата избраничка Џорџина Родригез. Во април 2022 година, Џорџина роди уште еден пар близнаци – момчето Анхел и девојчето Бела, но за жал момчето почина кратко по раѓањето.

Во документарниот филм, неговата девојка Џорџина признава дека Кристијано има строги правила на воспитување и дека таа и целото семејство понекогаш сакаат кога фудбалерот е отсутен, бидејќи тоа значи дека тогаш можат да јадат пица.

Ова се правилата кои ги почитуваат децата на Кристијано Роналдо:

1. Најстариот син на Кристијано Роналдо тренира фудбал секој ден по неколку часа. Се тушира со студена вода ​​и не јаде брза храна, сето тоа по совет на неговиот славен татко.

2. Во куќата на Кристијано Роналдо нема место за брза храна. Семејството јаде исклучително здрави оброци кои вклучуваат овошје и зеленчук, додека слатките не се пожелни. Не се консумираат газирани пијалаци, во текот на денот се пие многу вода и сите имаат физичка активност.

3. Ако случајно изедат нешто слатко, децата на Роналдо мора да вежбаат. Во август 2016 година, Роналдо објави видео од тогаш 6-годишниот Роналдо Јуниор како трча на лента за трчање и вели: „Изедовме сладолед, сега е време за вежбање“.

4. Во куќата на Роналдо не се штеди на образование. Децата посетуваат престижни училишта кои чинат милиони.

5. Сепак, богатството им е на дофат на рака. Каде и да одат, децата имаат пристап до приватни базени, јахти, пространи соби, простории за игри – главно, сè најдобро.

6. Физичката активност и исхраната на фудбалерот не се единствените работи што треба да ги следат неговите деца – тоа важи и за личната хигиена. Во една прилика, Роналдо сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како проверува дали сите негови деца ги измиле рацете пред јадење.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk