„Црвен свилен фустан затоа што никогаш не знаеш кога животот ќе побара да блеснеш“: Ивана Кнез за 10-те парчиња кои секоја жена со стил треба да ги поседува

Кармин

07/07/2022

14:39

7.677

Големина на фонт

а а а

Модните трендови се динамични и брзо се менуваат, но нивната есенција останува иста, реферирајќи на елеганција, женственост и класика.

Бројни дизајнери се согласни околу неколку основни парчиња кои имаат безвременски статус и остануваат „имуни“ на забот на времето. Белата кошула која е како сликарско платно со кое можете да направите што и да посакате, црниот фустан кој Коко Шанел го опиша како „униформа за сите жени со вкус“, џинсот во сите облици и за сите денови од годината се само дел од парчињата кои вечно живеат во гардероберите на многу жени, а една од нив е и Ивана Кнез.

Модна дизајнерка, основачка на „Драма“ која пред 12 години се роди како плод на љубовта кон театарот и модата и од која подоцна израсна „Lovecats“, девојка со остар јазик, но искрена душа и со неконвенционален, но префинет стил.

Ја прашавме Ивана кои се 10-те парчиња кои секоја жена со стил треба да ги поседува во својот плакар, а таа како и секогаш, автентична и отворена, ги издвои следниве нешта:

1. Сега, секогаш и засекогаш – црн фустан, мал или голем, едноставен или отсечен, не постои погрешно време за тоа совршенство.



2. Бел фустан – затоа што секој ден е совршен за бел фустан.




3. Црвен свилен фустан – затоа што никогаш не знаеш кога животот од тебе ќе побара да блеснеш.


4. Високи црвени потпетици. Толку.


5. Високи црвени чизми затоа што си жена и ти се може.


6. Црвени кожени парчиња затоа што животот е прекраток за сигурни стајлинзи.




7. Црно долго здолниште – затоа што никогаш не знаеш кога ќе ти затреба да се опиеш боса на снег.


8. Црн кожен мантил – затоа што не постои време на светот кое може да му го одземе правото на постоење.


9. Во име на отецот, синот и белата кошула – Vogue.


10. Бела маичка и сина класична фармерка – затоа што нема потреба од „затоа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk