„Секоја пролет поминуваше викенд со неа - и сопругата го знаеше тоа“: Приказната за неверојатниот однос на Гејтс и поранешната партнерка Ен Винблад

Кармин

06/05/2021

17:27

5.870

Големина на фонт

а а а

Пред 1987 година во неговиот живот да влезе Мелинда, Бил Гејтс бил во врска со Ен Винблед, претприемачка и инвеститорка.

Дека двајцата биле и тоа како поврзани и дека Гејтс и натаму ја сакал во својот живот, потврдува и приказната која што ја пренесува магазинот „Time“, а во која јасно е опишано како Ен била дел од неговиот живот дури и кога двајцата основале семејства.

Уште од 1997 година новинарот Волтер Ајзаксон, во својата приказна за успехот на Гејтс за магазинот „Time“ споменал интересен податок за неговата поранешна девојка Ен Винблад.

Тогаш тој напишал:

„Дури и сега, Гејтс има договор со својата сопруга дека тој и Винблад можат да ја продолжат традицијата и да поминат еден заеднички одмор сами. Секоја пролет, баш како што тоа го прават повеќе од деценија, Гејтс и Ен поминуваат продолжени викенди во куќата на плажа во Северна Каролина, каде што летаат хартиени змејови и шетаат на плажите“.

Со четири спални соби и два тоалети, како и директен, приватен пристап до плажата, куќата била токму таква - совршена за двајца поранешни љубовници.


Како што пишувал „Time“, поранешниот пар таму се наоѓал еднаш годишно и тоа подолго од една деценија, а тоа го претставувале како „поврзување“ со старите пријатели.

Во тоа интервју, денес 70-годишната Ен дала до знаење дека и двајцата се многу поврзани.

„Разговараме за светот, за себе... Се чудиме како двајцата сме врвни индивидуалци, а започнавме голема авантура на работ од тогаш малку познатата индустрија и стигнавме во центарот на неверојатната вселена“.

Парот се запознал во 1984 година на компјутерска конференција и на почетокот одржувале и виртуелни состаноци.


На пример, оделе во кино да гледаат ист филм во исто време, но во различни градови. А, Гејтс поради неа одредено време станал вегетаријанец.

Тие ја раскинале врската во 1987 година најмногу поради тоа што пет години постарата Ен сакала да основа семејство, а Гејтс во тој момент не бил подготвен за тоа.

Без оглед на раскинувањето, тие останале блиски пријатели, а наводно тој барал „благослов“ кога одлучил да се венча со Мелинда.

„Кога сфатив дека сакам да се венчам со Мелинда, ја повикав Ен и побарав дозвола“, изјавил Гејтс, а таа додала:

„Му кажав дека таа е вистинскиот избор за него поради тоа што беше интелектуално издржлива“. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk