Деми Ловато живее во раскош: „Ѕирнете“ во нејзината луксузна вила од 8500 квадратни метри

Кармин

21/09/2020

09:50

1.912

Големина на фонт

а а а

Деми Ловато живее во нешто помирен кварт во Лос Анџелес, но самата куќа е погодна за познатата ѕвезда.

Пејачката неодамна платила 7 милиони долари за луксузно стилски уреден дом, помалку од 3 месеци по продажбата на својот долгогодишен имот во близина на Сансет Стрип на холивудското брдо. 

Оваа новоизградена модерна куќа се простира на 8500 квадратни метри и истата содржи 6 спални соби и 9 купатила, како и карактеристики кои се типични за домовите на познатите.


Надворешноста на домот е во нежни графитни и беж бои, а влезната врата води до скриена, луксузна оаза. Суптилно нагласените ѕидови, длабокото шумско зеленило во трпезаријата и каминот на дрва обложен со дрво од дното до плафонот во дневната соба им додаваат елегантен карактер на просториите, а стаклените врати во двете трпезарии и дневната соба создаваат чувство како да сте во природа, а не во куќа.


Главната просторија е со големи пропорции и содржи одвоен дел за канцелариски простор, со вградени плакари со посебен дизајн и сопствен минималистички камин. Главното купатило уредено е во манир на спа центар и истото содржи стаклен туш со слап и модерна када за целосно уживање и релаксација.


Пространиот гардеробер во главната соба содржи ормар кој се протега од подот до плафонот и е широк неколку метри, а може да се пофали дури и со сопствен кристален лустер. Од задната страна на вилата се наоѓа модерен базен со лежалки кои ги опкружува недопрена природа, но и специјален камин. Во дворот се наоѓа и целосно отврена кујна со вградена скара и голема маса за јадење.


Во дворот се наоѓа и гостинската куќа во која можат да се сместат неколку луѓе, а содржи 2 големи соби и 2 купатила.


Ловато го имаше својот дом на Холивуд Хилс отприлика 4 години, а истиот го купи во 2016 година за 8.300.000 долари. По 2 години го огласи имотот и на крајот го продаде минатиот јуни за 8.250.000 долари, па затоа не не чуди што решила да се почести со нова вила за исто толку завидна сума.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk