Искра Лоренс објавила дека е бремена, фановите воочиле детаљ кој ги разбеснил

Кармин

06/11/2019

10:12

8.715

Големина на фонт

а а а

Искра Лоренс, еден од најпознатите плус сајз модели на светот, го очекува своето прво дете.

Среќната вест ја открила на Инстаграм преку фотографија со момчето Филип и тест за бременост. 

“Повеќе не сме сами ние двајца, наскоро ќе бидеме тричлено семејство... Бевме шокирани кога ги видовме двете линии на тестот. Моментално сум 17 недели и три дена бремена. Никогаш не сум била волку возбудена да запознаам некого”, напишала манекенката.

Меѓутоа, она што многумина го забележале е дека ваквата објава за бременоста е означена како спонзорирана содржина во соработка со произведувач на тестови за бременост.

“Твојата вест за бременоста е буквално реклама”, “Дали само што објави дека си бремена преку реклама?”, “Што, ти требаше тест за бременост за да сфатиш дека си 4 месеци бремена?”, напишале дел од разлутените следбеници, но сепак преовладуваат добрите желби и честитките во коментарите на објавата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk