Бјути могулот и најмладата светска милијардерка, Кајли Џенер, реди успеси од ден на ден.
Она што таа го добива од успесите, очигледно е дебела банкарска сметка, а тоа што таа го нуди се нови модни и бјути трендови. Па така, најмладата сестра на кланот Кардашијан-Џенер пред неколку часа се пофали со својот нов маникир, кој на одредени нокти има копии и анимации на банкноти од сто долари.
Кајли била одговорна и за покренување на трендот на маникир во неонски бои, па веруваме дека и овој екстравагантен маникир ќе почнеме да го гледаме на Инстаграм профилите на трендсетерките и нејзините следбеници.
Инаку, Кајли пред да ја објави фотографијата со ноктите се пофалила и со заводливи фотографии во црн корсет и во црвено латекс боди, кои се составен дел од нејзиниот едиторијал за германското издание на магазинот „Interview“. Со овие фотографии, Кајли ги негирала гласините за нејзината бременост, без да каже ниеден збор.