Според „Love The Sales“, кои се потрудиле да ги анализираат сите комбинации за облека, кој Меган Маркл го носела за време на своите јавни појавувања од септември минатата година, војвотката потрошила речиси 500.000 фунти на облека за време на бременоста.
Поточно, според нивната проценка, потрошила 478.920 фунти, односно отприлика 6385 фунти биле потрошени за секоја комбинација.
Интересен е и податокот дека една третина од вкупниот износ е потрошен исклучиво на скапоцениот накит кој го носела, а најскапото нејзино појавување било кога учествувала на доделувањето на наградите „Geographic Society Awards“, во ноември минатата година.
За таа прилика, војвотката облекла неверојатна тоалета, чија вредност, како што пренесува Дејли Меил, се проценува за дури 10.000 фунти.
Сепак, не носела секогаш скапоцени комбинации кои предизвикуваат вртоглавица. Имало и евтини парчиња, кои можат да се пронајдат во омилените high street брендови.