Модната индустрија ги отвори вратите на трансродов модел со инвалидитет

Кармин

22/02/2019

09:59

1.126

Големина на фонт

а а а

Животот на Арон Филип се променил откако стана првиот афроамерикански, трансродов модел со инвалидитет кој потпиша договор со голема агенција. Откако во септември се приклучи кон Elite Model Management, 17 годишната снимила едиторијал за магазинот i-D, а помеѓу сè се најде на листата на ”21 Under 21” на Teen Vogue, пренесува Оскар Холанд за CNN.

Тоа не беа нејзините први ангажмани во модната индустрија, туку работеше и за брендовите како ASOS, H&M, но ја имаше и поддршката од модната агенција која ги застапуваше Хајди Клум, Наоми Кемпбел и Тајра Бенкс која широко ѝ ги отвори вратите на индустријата која не беше подготвена за да ги задоволи потребите на корисниците со инвалидска количка. 

"Работев како фриленсер една година и самостојно се обидував да водам кариера во трета година гимназија. Понекогаш сама морав да ги координирам снимањата и да пронајдам луѓе кои ќе ми помогнат додека сум на сет. Имаше многу подеми и падови. Разликата сега е многу драстична", објаснува Филип.

Таа е родена со церебрална парализа на Антигва и се идентификува како трансродова жена, Филип е личност без преседан во мејнстрим модната индустрија. Иако постојано ја одбива етикетата на активистка, не ги крие своите високи очекувања од модниот свет.

"И понатаму постои намалена видливост и внимание кон луѓето со инвалидитет во модата. Моментално јас и Џилиан Меркадо сме единствените модели со инвалидитет во цела индустрија", вели Филип.

Појавата на Филип би била незамислива пред само неколку години. Покрај тоа што е одраз на промените во модната индустрија, нејзиниот подем се должи на силата на социјалните мрежи.

"Својот успех го должам на Твитер. Социјалните мрежи беа платформата на која се позиционирав и им давав на луѓето до знаење какви ми се желбите. И луѓето тоа го прифатија и ме поддржаа", објаснува Филип.

Иако има силни ставови за тоа што треба да се менува во модната индустрија и општеството, Филип е едноставна, привлечна и заразно позитивна личност.


"Со оглед на тоа дека сум црна, транс и хендикепирана, сензационална сум до точка луѓето да ми кажат: "Арон е таква енигма", наместо да кажат: "Арон е само обична девојка која има свои соништа", рекла Филип, додавајќи дека Наоми Кемпбел имала големо влијание врз нејзината кариеа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk