Токму кога помисливме дека повеќе не може да нè изненади, Ким Кардашијан го направи токму тоа со својот последен аутфит.
Старлетата на доделувањето на наградите на „Hollywood Beauty Awards“, каде се појавила во придружба на познатиот фризер Крис Ејплтон, се надминала себеси во тоалетата од 1998-ма година со ленти во горниот дел, кои едвај ги прекриле нејзините брадавици.
Фустанот очигледно ѝ бил премал, па лентите ги притиснале нејзините гради и сè изгледало крајно невкусно, што го забележале и нејзините бројни обожаватели кои се сложиле дека ова е едно од нејзините најлоши изданија.
„Ја сакам Ким, но ова е крајно непримерно. Таа е подобра од ова“, „Ким инаку изгледа прекрасно, но не во овој фустан“, „Жал ми е, но ова е премногу“, биле само некои од коментарите на фановите кои ја советувале старлетата да најде нов стилист.
Единствена светла точка во нејзиниот аутфит биле нејзините елегантни минималистички сандали со тенок проѕирен ремен и висока потпетица.