Одбива многу модни ангажмани, но и понатаму нема конкуренција: Ова е најплатената манекенка за оваа година

Точка

14/12/2018

10:03

3.355

Големина на фонт

а а а

Магазинот „Forbes“ ја објави листата на најплатени модели во 2018-та година, а на прво место се најде истата манекенка од минатата година.

Погодувате, станува збор за 23-годишната Кендал Џенер, која според извештајот на бизнис магазинот, од јуни 2017-та до јули 2018-та година заработила вртоглави 22.5 милиони долари, речиси двојно повеќе од нејзината колешка Карли Клос, која со заработка од 13 милиони долари го заземала второто место.

Иако за време на изминатата година, многу ретко ја гледавме на пистата, бидејќи одбивала многу модни ангажмани, со што налутила многу колешки, на Кендал заработката ѝ ја осигурале брендовите како „Estée Lauder“, „Adidas“ и „Calvin Klein“, известува „Forbes“.


Да потсетиме, Кендал во август оваа година, во интервју за „Forbs“ изјави: „Од почетокот бев многу внимателна во изборот на соработките кои ми беа понудени. Никогаш не бев една од оние девојки кои ќе одработат 30 ревии во една сезона или што веќе и да прават. Имав многу работи, не беа само ревиите. Таа комбинација многу ме измори и морав малку да застанам, бидејќи бев на раб на нервен слом.“

Поради тоа, многу нејзини колешки изјавиле дека таа го навредува нивниот труд, но Кендал без оглед на тоа ги престигнала и повторно заработила најмногу.

View this post on Instagram

⚡️⚡️⚡️

A post shared by Kendall (@kendalljenner) on

Третото место на листата оваа година, го поделиле манекенките Криси Тиген и Роси Хантинхтон-Вајтли, секоја со заработка од 11.5 милиони долари.

Четвртото место исто така го делат две манекенки, Жизел Бундчен и Кара Делавинг, двете со заработка од 10 милиони долари.

Нив ги следат Џиџи Хадид и Џоан Смолс, кои заработиле по 8.5 милиони долари, а под нив е Доуцен Круз, со годишна заработка од 8 милиони долари. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk