Елизабет Харли се одмора во Грција, што особено ги радува дел од нејзините фанови, бидејќи знаат дека можат да очекуваат фотографии во бикини.
Преубавата 53-годишна актерка и манекенка, ниту овој пат не ги разочара.
Имено, на Инстаграм објавила снимка како во топлес излегува од базен, а со неа се пошегувала дека со пливање се обидува да ги потроши калориите. Снимката за помалку од 12 часа ја прегледале повеќе оод 400 илјади луѓе, а ќе ви стане јасно зошто е тоа така, кога ќе ја погледнете и вие.
Нејзините фанови веднаш ја преплавиле со "лајкови" и епитети, на сметка на нејзината линија.
Британската убавица, одморот на Медитеранот го користи како совршена прилика за промовирање на својот успешен бренд за костими за капење - "Elizabeth Hurley Beach".
Наводно признала дека нејзиниот син, Дамјан, често ѝ е "личен фотограф". "Дефинитивно некои фотографии тој ги прави, но имам и други пријатели кои можам да ги "мачам"", рекла таа. Дамјан често оди на шоу-биз настани и се обидува да се пронајде во глумата.