Ниту ова лето нема да погрешите доколку поголем број од Вашите комбинации ги базирате на најпопуларните патики за оваа сезона или пак се одлучите ова парче облека да Ви биде џокер во рака, кога нема да знаете како да постигнете фул ефект.
Најновите модели на патики кои се во тренд денес му припаѓаат на футуристичкиот стил, предимензионирани се и имаат речиси архитектонска форма. Некои од спортските брендови направиле throwback, враќајќи ги моделите кои не биле во продажба дури неколку децении.
Кога носиме патики, не е неопходно и остатокот од стајлингот да биде во спортски манири. Напротив, оваа облека може да ја носите со различни модни стилови.
Го пребаравме Инстаграм за да откриеме кои модели на патики се во тренд на улиците на светските модни престолнини во овој момент. Лондон, Милано, Париз и Њујорк нудат избор за сечиј вкус.