Ѕвездата на музичката група „So Solid Crew“, Лиза Мафиа, открила дека чисти тоалети и ги празни корпите за отпадоци во локалната црква, 23 години по освојувањето на Брит наградите.
Популарната пејачка, сега 45-годишна жена, била дел од омилениот бенд „So Solid Crew“ којшто имал голем број членови, а најпознати биле Лиза, МЦ Харви, Ашер Ди и Ромео.
Во октомври 2001 година, британскиот состав го издал првиот албум „They Don’t Know“ којшто остварил голем успех на британските топ-листи.
Нивниот голем хит „21 Seconds“ била песна која низ годините на бендот му донела огромна популарност. Се чинело дека сѐ тргнало како што треба за оваа нова група.
Но, сега Лиза се појавила во ново видео во кое се покажува себеси како волонтерка, во улога која е многу поразлична од нејзината музичка кариера.
Ѕвездата е дел од црквата „CityGate“ и во неа волонтира така што помага на различни начини: ги пречекува луѓето, работи со децата во текот на богослужбата, свири музика или пее, управува со звукот, со преносите во живо, како и ги подготвува просториите за богослужбите или некои други настани.
Пејачката во видеото делувала како да го подготвува просторот затоа што покажала како ја чисти црквата, а потоа става ќеси за ѓубре во корпите за отпадоци.
Облечена во маичка и панталони, Лиза исто така ги чистела и тоалетите.
45-годишната пејачка минатата година ги оставила фановите без здив, сите коментирале дека „старее наназад“. Лиза го покажала младешкиот изглед додека летувала во Дубаи.
Раперката објавила провокативно селфи пред огледало, каде позира без градник во портокалов топ и во металик здолниште.
Многу од фановите го коментирале нејзиниот изглед. Еден напишал: „Подобра од виното“, додека пак друг додал: „ОК девојко, сѐ совршено ти стои“.
Денес Лиза води своја агенција за резервирање музички уметници и учествувала во неколку реалити шоу програми, вклучувајќи ги и „Celebrity Coach Trip“, „The Games“.