[ФОТО/ВИДЕО] Џеј Ло се „колне“ во оваа вежба: Поради неа има „убиствено“ тело

Кармин

09/07/2025

18:42

1.175

Големина на фонт

а а а

Пејачката и актерка Џенифер Лопез повеќепати зборуваше за странските медиуми за нејзината врска со спортот, како и за вежбите што ги практикува за да ја одржи својата завидна фигура.

Таа ретко ги прескокнува своите тренинзи, а тоа во една прилика го потврди и нејзината лична тренерка Трејси Андерсон.

„Мислам дека постои позитивна врска помеѓу менталното здравје и вежбањето. Знаете, ние природно се стремиме кон тоа да бидеме најдобрата верзија од себе. Вежбањето е избор што го правам секој ден и чувствувам дека станувам најдобрата верзија од себе“, рекла Џеј Ло во една прилика за „Ју-Ес Викли“.

Што се однесува до самиот процес на вежбање, латино дивата ужива во различни спортови – кикбокс, но и во тренинзи за сила. Во таа прилика, таа открила и која е нејзината омилена вежба, а станува збор за вежбата бурпи (burpee).


Оваа вежба е многу популарна бидејќи ги вклучува сите мускулни групи, ви овозможува да согорите максимален број калории и да ја зголемите издржливоста во исто време.

Како да изведете бурпи?

Чекор 1: Свиткајте ги колената, како да ќе правите клекнувања, а дланките ставете ги на подот во ниво на рамената.

Исфрлете ги нозете наназад за да бидат испружени. Не удирајте со рацете по подот при „слетувањето“, туку обидете се да го направите тоа што е можно понежно. Слетувањето со премногу голем удар со дланиките на подот може да ги истегне вашите зглобови, лактите и рамената.

Чекор 2: Стиснете го глутеусот, а вратот држете во неутрална положба додека го спуштате телото на подот. По неколку повторувања, кога ќе почнете да се заморувате, би можеле да почнете да ги спуштате колковите на подот пред остатокот од телото.

Ова може да го оптовари долниот дел од грбот, затоа обидете се целото тело да го држите во права линија додека се движите кон подот.

Чекор 3: Држете го телото исправено. Избегнувајте прво да ги кревате градите додека ги оставате колковите на подот. Ова создава прекумерен лак во долниот дел од грбот, што може да доведе до повреда и болки во грбот.

Скокнете напред во положба на клекнување, со нозете раширени малку повеќе од ширината на колковите. Од оваа положба, скокнете нагоре, со рацете кренати кон таванот и плеснете со рацете. Свиткајте ги колената малку при „слетувањето“ за да ги заштитите колената и глуждовите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk