Меланија Трамп заедно со сопругот, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја посетила американската сојузна држава Тексас, која неодамна ја снајдоа катастрофални поплави. Условите станале драматични во текот на изминатиот викенд, откако силно невреме предизвикало нагло зголемување на нивото на реката Гвадалупе. За време на посетата, првата дама во јавноста изразила солидарност со жителите погодени од оваа природна непогода, а освен оваа поддршка внимание привлекол, како што и е очекувано, нејзиниот стајлинг.
Излегувајќи од Белата куќа, Меланија се појавила во опуштена, но внимателно осмислена комбинација – едноставни панталони и маица во еднобоен тон надополнети со спортска јакна и патики кои предизвикале носталгични реакции.
Имено, првата дама носела легендарни старки – обувките кои постојат повеќе од еден век. Првпат биле произведени во 1917 година, а врвот на популарноста меѓу младите во поранешна Југославија го имале во седумдесеттите и осумдесеттите години, кога впрочем биле култен симбол на стилот. Нив многу Југословени ги купувале во Трст или пак набавувале од комисионите на граница со Италија, каде се продавале како запленета стока по ниски цени.
Меланија, Словенка по потекло, со овој детаљ во својата модна комбинација потсетила на сопствените корени, симболично поврзувајќи ја својата сегашна улога со регионот од кој потекнува. Луѓето од овие простори патиките дефинитивно ќе ги асоцираат на времето на поранешна Југославија – можеби и самата Меланија.
Додека таа блескала во внимателно избраната гардероба, Доналд Трамп ја покажал својата нежна страна – ја придржал додека се доближувале до воениот хеликоптер и галантно отстапил прва да влезе. Нивното однесување е значително поинакво од за време на минатиот претседателски мандат, кога односите делувале постегнато. Сега, делуваат одлучно неговата втора политичка етапа да ја обележи склад и меѓусебна почит.