Поради неа се развел од сопругата и станал православен: Оскаровецот кој сите го обожуваме една жена љуби подолго од 37 години

Кармин

10/07/2025

11:10

2.943

Големина на фонт

а а а

Врската меѓу Том Хенкс и Рита Вилсон започнала во моментот кога актерот сѐ уште бил во брак и имал две мали деца, но тоа не ги спречило набрзо заедно да се појавуваат на црвениот тепих.

Четири години по првата средба, тие ја крунисале својата љубов со брак. Кога се говори за паровите во Холивуд кои им пркосат на времето и стереотипите за краткотрајни бракови, тие двајца секогаш се наоѓаат на врвот на листата како пример на долговечна и стабилна врска.

Том Хенкс и Рита Вилсон годинава ќе прослават 37 години брак, но нивната приказна започнала многу порано и на филмски сет.

На почетокот на 80-тите години, Хенкс бил млад актер во подем, оженет со актерката Саманта Луис со која го има синот Колин и ќерката Елизабет.


Нивните патишта се вкрстиле во 1981 година на снимањето на серијата „Bosom Buddies“, но повторно се сретнале во 1985 година кога работеле на филмот „Volunteers“.

Рита во емисијата кај Кели Кларксон ги споделила своите први впечатоци за Хенкс:

„Кога се запознавме, веднаш се сложувавме“, изјавила таа, па додала: „Пред сѐ, јас сакам кога некој добро раскажува приказни. Доколку некој ми раскаже добра приказна, тоа ми се допаѓа. Го сакам тоа. А, тој постојано ме засмејува. Тој одлично раскажува приказни“, додала низ насмевка.

Без оглед на хемијата која очигледно постоела, нивната романса не започнала веднаш. Сепак при вториот заеднички проект, емоциите станале пресудни.


„Рита и јас само се погледнавме и... Тоа беше тоа“, раскажал Хенкс, па додал: „Ја прашав Рита дали и неа ова ѝ е она вистинското, а таа едноставно не можеше да негира“.

Една година подоцна тие заедно се појавиле на премиерата на филмот „Three Amigos“, иако Том тогаш формално сѐ уште бил во брак со Саманта.

Наводно веќе биле разделени, но разводот се случил во 1987 година. Хенкс во една прилика го коментирал тој период: „Во тоа време бев во брак. Нема што да се преувеличува“.

Рита подоцна открила дека Том во тоа време одбил понуда да глуми во романтичната комедија „When Harry Met Sally...“ затоа што бил среде развод.


Првата сопруга на Хенкс, Саманта Луис, со која има две деца, починала во 2002 година после долга борба со канцер на коски.

Во април 1988 година Том и Рита се венчале, после што Хенкс преминал во верата на својата партнерка и се крстил во грчка православна црква во знак на почит кон нејзиното семејство.

Тие добиле двајца синови, Чет и Труман, а во текот на сите овие години останале моќен и стабилен пар којшто заедно поминал низ сите животни предизвици.

„Нашиот однос успеа поради тајмингот, зрелоста и нашата подготвеност да имаме блиска врска“, изјавил Хенкс во интервју кај Опра Винфри.


„Кога се оженив за Рита, помислив: Ова ќе бара некои промени од моја страна. Нема да негирам дека пророштвото беше дел од нашето пронаоѓање, но нашата врска не е магија, не е начин на којшто тоа се прикажува во филмовите. Во реалниот живот нашата врска е конкретна како што јас седам тука.

Бракот понекогаш знае да биде пекол. Но, и двајцата знаеме дека ние без оглед на сѐ, ќе бидеме еден за друг тука и ќе поминеме преку тоа“, заклучил Хенкс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk