Фатална актерка врти нов лист, а поврзано е со Безос

Точка

11/07/2025

18:06

892

Големина на фонт

а а а

Сидни Свини одлучила да започне приватен бизнис, а тоа би можела да биде причината зошто присуствувала на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез.

Атрактивната актерка ужива во популарноста со оглед на тоа што мами воздишки кај мажите и што и да направи станува тема на светските медиуми, а наскоро покрај глумата ќе се посвети и на приватен бизнис.


Американската ѕвезда лансира сопствен бренд за долна облека, а ќе биде интересно да се види што ќе вклучи во својата колекција бидејќи каде и да се појави градите ѝ се во прв план.

Како што објави „The Economic Times“, лансирањето на нејзиниот бренд има врска и со Џеф Безос, кој не „дал финансиска инјекција“ директно на нејзиниот бренд, туку со пари го поддржува фондот што инвестира во нејзиниот проект. Сега е малку појасно зошто Свини била на свадбата на Безос и Санчез во Венеција, кога многумина сметаа дека е излишна.


Актерката неодамна објави фотографии на кои рекламира костими за капење, а беше во друштво на манекенката Амели Тремблеј, и сега е појасно за што се работело.


Меѓутоа во овој момент не се познати ниту името на брендот, ниту цените, како и асортиманот што ќе се нуди.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk