Џесика Алба очигледно е дека нашла нова утеха по разводот од Кеш Ворен, па сега била снимена со 11 години помлад маж.
Убавата актерка Џесика Алба по разводот од Кеш Ворен не престанала да биде главна тема во медиумите.
Се чини дека нејзиниот совршен изглед дури сега дојде до израз, а Џесика уживала повеќе од кога и да е со децата и пријателите.
Сега се појавиле наводи дека повторно е среќна во љубовта. Таа била фотографирана како патува во Канкун заедно со 11 години помладиот Дени Рамирез, пренесува „TMZ“.
Потенцијалниот пар потоа бил снимен и како заедно се враќа во Лос Анџелес. Уште претходно се пишувало дека Џесика пронашла ново момче, но од тогаш ништо не било потврдено, не се знае дали станува збор за иста личност.
Дени Рамирез е познат по улогата во серијата на „Марвел“ – „The Falcon and the Winter Soldier“, како и во филмот „Captain America: Brave New World“.
Сепак, извори блиски до актерката постојано тврдат дека таа моментално не бара сериозна врска и сака да биде посветена исклучиво на себе и децата.
На почетокот на годинава, Џесика Алба официјално соопшти дека се разведува од Кеш Ворен по 17 години брак и таа вест изненади многумина со оглед на тоа што важеа за еден од најскладните парови.