[ФОТО/ВИДЕО] Најбараната манекенка од 90-тите се вери на 61 година: „Праша...“

Кармин

11/07/2025

10:42

1.952

Големина на фонт

а а а

Пристигнуваат убави вести од светот на моделингот. Паулина Поришкова се верила за својот партнер Џеф Гринстајн.

Дека љубовта не знае за години и граници, сведочи фактот што некогашниот топ модел од 90-тите, Паулина Поришкова, се верила за Џеф Гринстајн на 61 година.

Веста за тоа ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм и тоа во вид на видео.


Како што може да се види, Паулина и Џеф се возат во автомобил, а убавицата во еден момент ја крева раката и го покажува прекрасниот веренички прстен.

Во описот на видеото, таа кратко напишала: „Праша“, алудирајќи на запросувањето.

Инаку, љубовта меѓу пензионираната манекенка и нејзиниот партнер трае две години. Својата врска официјално ја потврдиле во 2023 година и тоа со фотографија од Париз.

Повеќе пати Поришкова говорела за медиумите за емотивниот крах којшто го поминала по разводот од сега покојниот Рик Окасек, фронтмен на групата „The Cars“ со којшто била во брак 28 години.

„Поминав три години сама, обидувајќи се да го надминам чувството дека не сум вредна за љубов“, напишала таа во една објава.


Но, сега сѐ дошло на свое место, а судејќи според нивните објави на социјалните мрежи, Паулина конечно ужива во љубовта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk