[ФОТО] Славната актерка се појавила во кралската ложа на Вимблдон: Никој не очекувал, а таа мислела дека ќе помине незабележана, но...

Кармин

09/07/2025

09:16

1.699

Големина на фонт

а а а

Реномираната актерка и режисерка го привлекла вниманието со своето присуство на еден од најпрестижните спортски настани во кралската ложа.

Во моментов трае третиот гренд слем во сезоната, Вимблдон и во текот на овие девет дена биле забележани голем број познати лица, како што се родителите на Кејт Мидлтон и некогашниот тенисер Рожер Федерер, а вчера била забележана и една холивудска актерка – Џоди Фостер.

Реномираната актерка и режисерка го привлекла вниманието со своето присуство во кралската ложа, а друштво ѝ правела блиската пријателка Пати Рокенвагнер.


Џоди и овојпат го покажала својот префинет моден вкус, повторно воодушевувајќи со својата елеганција и софистицираност, што сите ги воодушевило.

Со оглед на тоа што Вимблдон претставува спој на традицијата и елеганцијата, Џоди избрала да носи нешто што е во склоп со тој контекст.

Носела миди фустан со темна боја и впечатлив цветен дезен од модната куќа „Altuzarra“, позната по софистицираните и модерни кроеви.

Фустанот е спој на класична женственост и современ стил, идеален за дневни настани на отворено, а притоа доволно впечатлив за да ги привлече погледите.

Цветниот дезен во темни тонови додава доза свежина и префинетост, а миди должината е погодна за разни прилики, давајќи слобода во движењето.


Познатата актерка не сака многу да се експонира во јавноста, не сака многу внимание да привлекува на себе, што дополнително е нагласено и преку нејзините модни избори.

Не е познато колку долго е во Велика Британија, па можеби ќе ја видиме и на некој натпревар на Новак Ѓоковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk