[ФОТО] Ријана со своите синови во јавност: Момчињата прошетаа по црвениот тепих, пејачката блеска од среќа

Кармин

14/07/2025

20:34

620

Големина на фонт

а а а

Музичката ѕвезда Ријана за првпат се појави на црвениот тепих со своите синови РЗА и Рајот. Семејството позираше насмеано на премиерата на филмот „Штрумфовите“ во Лос Анџелес.

За таа пригода, Ријана избра долг фустан кој го нагласуваше нејзиниот труднички стомак. Изгледот го надополни со фризура подигната во пунџа и кожена јакна.


„Возбудена сум. Првпат гледаме филм заедно. Ја гледам финалната верзија од него. Интересно е“, изјавила таа во интервју за „Екстра“.


Кога ја прашале како реагирале РЗА и Рајот на фактот дека семејството наскоро ќе добие ново бебе, пејачката рече дека биле воодушевени и се смееле. Новинарите беа заинтересирани дали очекува девојче.


„Ќе мора да почекате и да видите“, рекла таа, подоцна додавајќи дека отсекогаш сакала девојче.

Таа откри дека името на нејзиното трето дете исто така ќе започнува на буквата Р и дека тоа веќе станало традиција.


Инаку, Ријана заедно со Ејсап Роки беше на Барбадос минатата недела за погребот на нејзиниот татко, Роналд Фенти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk