Краткиот говор на Касемиро ги изнасмеа Куња, Бруно и Дало

Дерби

18/05/2026

13:38

186

Големина на фонт

а а а

Касемиро вчера го одигра последниот натпревар на „Олд Трафорд“ и доби стоечки овации од навивачите, а со оглед на тоа што воспостави специјална врска со фан базата, Бразилецот имаше и завршен говор на теренот.

Играчот за врска реши да си замине од клубот во период кога игра во врвна форма, па иако се потпишуваа и петиции за да остане барем уште една година, тој цврсто остана до првичната одлука и вчера се збогуваше од фановите.

Неговиот завршен говор беше пократок и поневообичаен од сите кои ги гледаме на простувањата, па искусниот Бразилец наиде и на сеир од своите соиграчи Куња, Бруно и Дало.

– Благодарност до сите. Играчите, стручниот штаб, до сите во клубот. Но, најдобрата работа во клубот сте вие фановите. Ви благодарам, – порача кратко Касемиро, а бидејќи говорот не траеше ниту 30 секунди, наиде на сеир од соиграчите.

Подоцна, Касемиро се огласи и преку социјалните мрежи, а таму неговата порака беше подолга и посодржајна.

– Има места низ кои поминуваме во животот, но има и места кои стануваат дел од тоа што сме. Манчестер секогаш ќе биде мојот дом. До градот, клубот и секој навивач, искрено сум ви благодарен. Овие изминати четири години беа незаборавни, исполнети со моменти кои јас и моето семејство ќе ги носиме во себе до крајот на животите. Едноставно не постојат зборови со кои може да се опише среќата и топлината што ги почувствувавме. Ви благодарам за секое бодрење, за секое сеќавање и што направивте да се чувствуваме како дома од првиот ден. Засекогаш црвен ѓавол, – порача Касемиро на Инстаграм.