[ВИДЕО] Офанзивец со македонски корени блеска во МЛС лигата

Дерби

17/05/2026

14:57

263

Големина на фонт

а а а

Даниел Мусовски од пред неколку месеци прифати да го носи дресот на македонската фудбалска репрезентација, но тој не е единствениот фудбалер со наши корени кој игра одлично во МЛС лигата.

Тука е и Милан Илоски кој има одличен почеток на новата кампања во МЛС каде рано утрово одново беше стрелец и тоа во соочувањето со Колумбус.

Филаделфија на домашен терен се избори за бод и тоа токму благодарение на Илоски кој стрелаше во 70 минута за 1-1.

Офанзивецот има четири гола и една асистенција на 14 средби во шампионатот.