Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и славеше над Челси со 1-0 во финалето на англискиот ФА Купот.
„Граѓаните“ на истиот овој терен на „Вембли“ го освоија пехарот во Лига Купот за да вчера добијат уште една финална битка и тоа против уште еден ривал од Лондон.
Погодокот на Семењо во вториот дел беше доволен за осмо славје на Сити во ова натпреварување, нова среќа и задоволство кај сите во клубот од Манчестер.
-Многу сме среќни. Едноставно е посебно за мене, ова е мојата последна сезона во која им донесов уште еден трофеј. Се надевам, не е последен,-истакна капитенот Бернардо Силва кој му се заблагодари на менаџерот Пеп Гвардиола.
-Тој го промени начинот на кој го гледам фудбалот. 80% од мојата кариера беше со него како мој менаџер. Сите работи што се надевав дека ќе ги постигнам беа со него. Односот што го имаме е многу силен, со фрустрациите и достигнувањата, -рече Португалецот кој во однос на иднината на стратегот кратко порача:
-Се грижам за Сити. Ова е негова одлука. Не е мое да коментирам за тоа. Посакувам се најдобро. Уживам што сум со него, што ги споделивме сите овие моменти заедно, -заврши Бернардо за кого допрва ќе видиме каде ќе се пресели.







