Руд ги истрола Италијанците за големиот фудбалски пад по поразот од Синер

Дерби

18/05/2026

14:09

153

Големина на фонт

а а а

Каспер Руд спортски и џентлменски му честиташе на Јаник Синер за страшната доминација која ја има во светскиот тенис, а додека светскиот рекет број еден пишува историја и ја радува цела нација, реалноста е сосема поинаква во најважната спортска сфера на чизмата.

Норвежанецот реши да ги трола италијанските фанови во Рим за неверојатниот пад кој го имаат на фудбалски план, па неговиот необичен говор успеа да извлече насмевка и од Синер.

– Честитки до Синер и до цела италијанска тениска Федерација. Правите неверојатна работа, пишувате историја. Не само поради тоа што го прави Јаник, туку и поради тоа што има шест, седум, осум играчи на високо ниво.

– Знам дека во фудбалот е поинаква приказна за вас во овој момент. Кога мојата Норвешка ве победи, имавме можност да се шегуваме на ваша сметка, – изјави Руд по поразот во финалето.

Инаку, Јаник со вчерашната победа испиша тениска историја како прв тенисер кој освоил шест Мастерс турнири во низа, а воедно стана и првиот по Новак Ѓоковиќ кој ги комплетирал сите титули на турнирите од серијата 1000.