Гласнер откри со каков тим ќе игра против Арсенал во последното коло во Премиер лигата

Дерби

18/05/2026

14:11

221

Големина на фонт

а а а

Ако Арсенал и Манчестер Сити победа на своите натпревари од 37-то коло, шампионската трка во Премиер лигата ќе биде актуелна и во последната рунда која ќе се игра во недела, а многу погледи ќе бидат свртени и кон „Селхрст парк“ каде Кристал Палас ќе го пречека лидерот на табелата.

Голем дел од медиумите во Островот пишуваа дека Кристал Палас ќе игра со втор тим против Арсенал во ситуација кога три дена подоцна следи финале против Рајо Валјекано во Конференциската лига, но Оливер Гласнер сега јасно истапи и најави дека ќе игра со најдобриот тим против „топчиите“ во недела.

– Имавме две недели во кои игравме по два натпревари и моравме да правиме ротации. Играчите се фит, имаме свежина и сега имаме цела недела пред последното коло.

– Им дадов два дена одмор на играчите да ги наполнат батериите, а потоа од среда ќе се подготвуваме за завршните осум дена во сезоната. Ќе играме со најсилниот тим против Арсенал, а потоа ќе играме и финале за европски трофеј.

– Ќе играме за нас, а не за Сити или Арсенал. Ќе одиграме за нас, за Кристал Палас и нашите фанови. Тоа ќе биде последен меч за мене на „Селхрст парк“, ќе биде последен натпревар во сезоната и сакам да видам топ перформанси, – изјави Гласнер.