Реал Мадрид ова попладне соопшти разделба со капитенот Дани Карвахал, фудбалер кој после тешката сезона која ја остава зад себе, дефинитивно ќе мора да си бара нова средина.
Тешката повреда на коленото на крајот на 2024-та година парави последната сезона во Реал да му биде навистина непријатна, но наследството кое го остави во претходните 12 години како првотимец на клубот го прават еден од најуспешните во историјата.
Карвахал освои 27 титули како играч на Реал, а е само еден од петмината во историјата кои имаат шест трофеи во најелитната Лига на шампиони.
Реал Мадрид најави дека Карвахал ќе биде достојно испратен како легенда претстојната сабота на „Сантијаго Бернабеу“, а со убави зборови за десниот бек се јави и претседателот, Флорентино Перез.
– Дани Карвахал е легенда и симбол на Реал Мадрид и нашата младинска академија. Неговиот лик покрај нашиот сакан и незаборавен Алфредо Ди Стефано, поставувајќи го камен-темелникот на тренинг центарот, засекогаш ќе остане силно врежан во срцата на сите мадридисти и во историјата на нашиот клуб. Карвахал отсекогаш ги прикажувал вредностите на Реал Мадрид. Ова е и секогаш ќе биде неговиот дом.
– Реал Мадрид како клуб му посакува се најдобро на Дани Карвахал и неговото семејство во новото поглавје во животот. Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе му оддаде почит оваа сабота за време на последниот натпревар кој ќе го одигра нашиот тим оваа сезона, – порача Перез.
Comunicado Oficial: Carvajal.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 18, 2026







