Барселона постави уникатен рекорд со победата на „Камп Ноу“, Флик порача: Горд сум на тимот

Дерби

18/05/2026

13:34

131

Големина на фонт

а а а

Барселона ја освои титулата во Ла Лига пред две рунди и немаше многу мотив за игра на претходниот меч со Алавес, но затоа вчера на домашен терен постави рекорд и стана првиот тим кој победил на сите натпревари пред своите гледачи во Ла Лига.

За првпат откако Примера брои 20 тимови, еден тим успеа да слави на сите 19 натпревари на домашен терен, па овој потфат му носи важен рекорд на Ханси Флик.

Победите против сите ривали е јасен израз за доминацијата на Барселона на домашен терен, без оглед на тоа дали се играше на „Камп Ноу“, или на „Олимпискиот стадион“ и на „Јохан Кројф“.

Поради недовршените градежни обврски, Барселона не ја почна сезоната на „Камп Ноу“, но истата ја заврши во својот дом и вчера постави рекорд кој ќе се памети.

– Горд сум на тимот, си поставивме цел и ја остваривме. Имавме за цел да победиме на сите 19 натпревари на домашен терен. Тешко е да се победи на сите натпревари во текот на една сезона, но успеавме во тоа и му честитам на тимот. Ова беше перфектна сезона на домашен терен, имаме неверојатно чувство и публиката треба да биде горда на овој тим, – изјави Германецот.