Лугано на македонскиот репрезентативец Џани Алиоски обезбеди убедлив триумф над Базел од 4-0 во мечот од последното коло во првата лига на Швајцарија.
Домаќините си поиграат со некогашниот шампион и на тој начин го потврдија третото место на табелата и пласманот во Европа.
Алиоски беше еден од најдобрите играчи на теренот, односно по неговите топки Кевин Беренс постигна два гола во првиот дел. Во вторoто полувреме домашниот фудбалери реализираа уште двапати и со стил ја комплетираа оваа кампања.







