Кога „воинот“ ќе го расплаче учителот: Гризман му се обрати на Симеоне и го трогна Аргентинецот

Дерби

18/05/2026

14:26

266

Големина на фонт

а а а

Антоан Гризман беше еден од најверните „воини“ на Диего Симеоне низ години, без оглед на тоа што Французинот измеѓу имаше и мала авантура во Барселона.

Францускиот фудбалски велемајстор вчера уште еднаш им се извини на фановите на Атлетико за фамозниот трансфер во Барселона и го окарактеризира истиот како голема грешка, но во долгиот говор кој траеше речиси 7 минути, не успеа да го заборави и човекот на кој му должи многу.

Гризман сериозно напредуваше на фудбалски план под водство на Чоло Симеоне, а синоќа успеа да го расплаче и својот тренер со кого изгради специјална врска низ годините.

– Сега е ред на човекот кој смени се во овој клуб, Дон Диего Пабло Симеоне….. Благодарение на тебе има голема страст на овој стадион, во оваа соблекувална.

– Благодарение на тебе станав светски шампион, благодарение на тебе се чувствував дека сум најдобар во светот. Ти должам многу, ми беше чест да се борам за тебе на секој натпревар, – изјави Гризман.