[ФОТО] Лазаров направи две промени во составот за реваншот со Словаците

Дерби

17/05/2026

16:38

170

Големина на фонт

а а а

Македонија е пред пласман на уште едно големо натпреварување, Светското првенство кое на почетокот на наредната година ќе се одржи во Германија.

Од новиот мундијал не дели уште еден меч и тоа реваншот против Словачка во Скопје, соочување во кое ќе влеземе со предност од 31:24, позитива која пред неколку денови ја остваривме во Прешов.


Сите фактори се наша страна, салата Борис Трајковски е распродадена и играчите ќе ја имаат соодветната поддршка и сега останува само македонските репрезентативци да го оправдаат статусот на фаворити на теренот.

Селекторот Кирил Лазаров направи две промени во тимот, Томислав Јагуриновски и Валентин Карасманакис нема да бидат комбинација, шанса за настап ќе чекаат Филип Николов и Марко Стојковиќ.

Средбата ќе започне во 19 часот.